Вистинска драма се случуваше во вторникот вечерта во дворот од семејната куќа во Загреб.
Имено, 47-годишен маж се обиде да ја полие својата ќерка со бензин, а потоа и тој се полил како и неколку други луѓе и се заканувал дека ќе ги запали.
Според хрватската полиција сопружниците ја нападнале сопствената ќерка која живее во таа куќа, и ја полиле со бензин, како и неколку други луѓе меќу кои и децата и внуците на сопствениците на куќата.
Таткото заедно со сопругата повеќе пати и се заканувал на сопствената ќерка и овој пат се појавил со канистер бензин за да го направи тоа. Тој и жената упаднале во куќата кога 21-годишната ќерка се вратила од работа и со безинот ги полиле сите станари во куќата меѓу кои имало и деца. Мажот се обидел да ја запали запалката, која за среќа во критичниот момент не запалила.
Неверојатната драма се завршила со тоа што станарите успеале да ја заклучат хистеричната мајка во куќата, повикале полиција и таткото монстум го држеле додека не пристигнале полицајците на помош.
Тој е приведен и против него полицијата ќе покрене кривична пријава за предизвикување опасност.