Се шират сипаници – зголемен бројот на дечиња со варичела


Во Македонија се повеќе се зголемува бројот на дечиња заболени од варичела. Како што објавува економски.мк, од Институтот за јавно здравје велат дека на ниво на цела Македонија последните два месеци се повеќе деца заболуваат од овој тип сипаници. Само во текот на декември со варичела или со овчи сипаници се заразиле 1.310 лица, а претходниот месец 1000.

sipanici– Во Скопје во последните два месеци започна пораст на бројот на заболени, најчесто заболуваат дечињата од детските градинки. Имаме податоци и од Центарот за јавно здравје на Скопје според кои голем број детски градинки и училишта се зафатени со варичела. Имаме голем број заболени дечиња, бројот на заболени на ниво на Скопје за декември е околу 450, што во однос на претходниот месец има зголемување за 30 отсто рече Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, пренесува економски.мк.
Исто така, минатата година во однос на 2012, двојно се зголемил бројот на заболени од овчите сипаници. За да не се шири болеста, се препорачува да се седи дома и да се внесуваат витамини за јакнење на имунитетот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1