Барокот на МЕПСО ќе чини над 10 милиони евра


Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) ја избра градежната компанија Бетон” од Штип за изведба на класицистичката фасада на својот административно-деловен објект во центарот на Скопје, пишува Вечер.

MEPSOКако што изјавуваа и претходно од МЕПСО повторуваат дека класичниот архитектонски стил од проектот Скопје 2014″ ќе се примени заради подобрување на енергетската ефикасност на зградата, но притоа ќе се реализира и ентериерна реконструкција на канцеларискиот простор. За оваа цел од буџетот на државната компанија ќе бидат исплатени над 10,5 милиони евра.

Рокот за изведба на новата фасада на овој објект од постземјотресно Скопје изнесува 24 месеци. Основниот проект за зафатот го подготви Неимар инженеринг”.
Реконструкцијата треба да почне наскоро, а за разлика од првично објавениот архитектонскиот труд кој предвидуваше скулптури од лавови во фасадата, тие отпаднаа од решението, а останаа високите класични столбови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1