Судење со ист аршин во сите судови во Македонија


Ќе се носи Правилник за начинот на одмерување на казните за да се обезбеди исти кривични дела да се санкционираат на ист начин во сите судови.

sudАнализите на кривично правниот систем покажале голем број на аномалии кои ги доведуваа граѓаните во нееднаква положба пред судиите, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„За кривичното дело Тешка кражба апелационите судови во Гостивар и Штип изрекувале два пати помали казни од апелационите судови во Скопје и Битола. За кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување просечната казна која се изрекува во Гостивар е три пати пониска од просечната казна која се изрекува во Штип. За кривичното дело Загрозување на безбедноста во сообраќајот во судовите во Скопје и Штип се изрекуваат затворски казни, а во Битола и Гостивар не се изрекуваат затворски казни“, ги објаснува Ѓорѓиев резултатите од анализите на состојбите во судството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1