Од април ќе се лета евтино и за Париз, Брисел и за Франкфурт


Министерот за економија, Ваљон Сараќини, за 2014 година најави амбициозна програма за светска промоција на Македонија како туристичка дестинација.
avion3– Ова е досега најамбициозната програма донесена од Владата на РМ. Износот на субвенции за 2014 година изнесува 155 милиони денари, што е речиси двојно повеќе од 2013 година кога беше 75 милиони денари – вели Сараќини и додаде дека ќе биде претставена во повеќе од 15 земји, а ќе се организира и роуд шоу само за туризам, каде што ќе има средби со туроператори, туристички агенции и работници во областа на туризмот.

Сараќини истовремено најави дека од април 2014 година се воведуваат три нови нискобуџетни авиолинии за Париз, Брисел и за Франкфурт.
– Целта ни е учеството на туризмот во бруто-домашниот производ до 2020 година да биде 5 отсто – потенцира Сараќини. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски, информира дека следната недела Македонија ќе биде претставена на саемите за туризам во Утрехт и Виена.

Vecer

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1