Топлотните бранови се директно поврзани со глобалното затоплување


Зголемената фреквенција на топлотните бранови во текот на летото е директно поврзана со глобалното затоплување.

„Ако пред половина век ваквите топлотни бранови се појавуваа на само еден отсто од површината на копното, сега се погодени 10 проценти од копното “, пишува Џејмс Хенсен од Институтот за вселенски истражувања Годар, НАСА во својата публикација. Истата, во целина ќе излезе во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Групата која истражувала, користела податоци за топлината и летните температури од 1951 до 1980 година и ги споредила со температурите денес. Резултатите ги надминале очекувањата.

„Аномалиите како топлотните бранови, кога температурата значително ги надминува климатските норми, практично и ги немало во основниот период. Сега ладно лето се забележува само во 10% од случаите а уделот на жешките лета се зголеми од 33% до 75%”, пишуваат научниците.

Метеоролозите, според истражувачите, имаат тенденција да ја отфрлат врската помеѓу топлотните бранови со глобалното затоплување. На пример, горештините во Русија во 2010 година се објаснуваат со блокиран антициклон, горештините во Тексас во 2011 со климатскиот феномен Ла Ниња, предизвикан од океанскиот тек. Според научниците кои работеле на статијата, блокираните антициклони и Ла Ниња постоеле од секогаш, но она што е ново е се поголемиот број на површини кои се засегнати од екстремни горештини поради глобалното затоплување.

Во статијата се нагласува дека топлото време може да предизвика не само суша, туку и поројни дождови и поплави. Освен тоа, топлите зими водат до можна пропаст на шумите заради непречено размножување на штетници.

Целта на Хенсен и неговите колеги е што е можно побрзо преземање на мерки за намалување на штетните гасови за да се ограничи зголемувањето на просечната температура.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1