Д-р Френк Маркис, астроном кој работи во институтот СЕТИ, сега тврди дека новата Земја ќе ја пронајдеме до 2024 година.
Предвидувањата на Маркис се втемелени на напредувањето во полето на технологијата кое на научниците им овозможило да ги сликаат планетите и нивните ѕвезди оддалечени до 63 светлосни години.
Конкретно, Џемини планет имиџер, кој се наоѓа на телескопот Џемини саут во Чиле, ја снимил десет милиони стара планета Бета Пикторис б.
Маркис рече дека денот кога ќе ја најдеме новата Земја е многу близу.
-Мислам дека за десет или 15 години ќе имаме кандидат за Земјата- рече тој.