Путин: Хомосексуалците да ги остават децата на мир!


Рускиот претседател моментално се наоѓа во Сочи, каде ги надгледува подготовките за ЗОИ, кои се одржуваат за три недели. За време на состанокот со претставниците на волонтерите, запрашан е зошто нивните униформи се со друга боја.

putin2-300x225-Ние не ги забрануваме нетрадиционалните сексуални врски. Нам ни смета пропагандата на поинаквото сексуално определување. Пред се, би сакал да ја истакнам пропагандата над децата. Тоа се целосно различни работи- да се забрани нешто, или да се забрани пропаганда на нешто- рече Путин.

Тој исто така додаде дека Русија е полиберална од многу земји, тврдејќи дека во одредени американски држави хомосексуалноста се казнува со закон.

-Ние ништо не забрануваме и никого не протеруваме од улиците, ниту се предвидени казни за таквите врски- рече тој и им порача на припадниците на ЛГБТ- Можете да бидете опуштени и мирни, но ве молам оставете ги децата на мир- рече тој.

Во Русија лани, стапи во сила законот со кој се забранува секаков вид пропаганда на хомосексуализмот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1