Измамени сте – Чоколадото во Европа и кај нас не е со ист вкус и квалитет – а цена изгор


Европскиот парламент води истрага по која сака да ја етикетира како измама практиката на големите производители да пласираат производи со  понизок квалитет во старите и во новите членки на ЕУ, додека балканските земји кои се уште не се во Унијата, тоа може да го констатираат, но не и да го спречат, барем засега

cokoladoЗошто чоколадите на познатите светски брендови купени во Виена и во Скопје немаат ист вкус кога производителот е ист, рекламите идентични, а често и цените се разликуваат минимално? Ова прашање си го поставуваат и сите македонски граѓани што пробале. Оние кои пазареле исти производи во земјите на Европската унија и кај нас знаат дека ова не е само прашање на вкусот на чоколадите, туку и на квалитетот на хемиските средства, како детергентите, пастите за заби, шампоните, козметичките средства, парфемите, потоа чоколадните кремови, соковите, па се до брендираната облека. Истото важи и за останатите земји од регионот кои не се членки на Унијата, но се смета дека она што Европскиот парламент може да го спречи, тие можат само да го констатираат.

Кај нас без научно да се докаже не може ништо да се преземе, иако сега жителите на нашата држава повеќе патуваат во странство, купуваат и ја гледаат разликата – вели Маријана Лончар – Велкова, претседателка на ОПМ.
Но. таквите анализи кај нас се многу скапи, па некој доказ дека има разлики во составот на производот купен во странство и дома може да се бара со споредување на етикетите.

Вечер

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1