ФОТО: Пожар во манастирот „Прохор Пчински“ – Изгоре конакот, евакуирани монасите


Во манастирот „Прохор Пчински“ денес избувна пожар во делот познат како Кралски конак.

Полицијата за српската национална телевизија потврдила дека изгорел покривот на конакот во кој спиеле монасите. Опожарени биле дел од конакот и комплетната кровна конструкција со површина од околу 400 метри квадратни. За време на пожарот во конакот имало околу 50 монаси и верници поради обележувањето на „Св. Сава“. Сите биле навремено евакуирани и повредени лица нема.

Пожарот зафатил уште еден конак во кој изгорела столаријата, но за среќа манастирската црква не е оштетена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1