Сефовите на Аркан биле празни


Обвинителството за воени злосторства во понеделникот соопшти дека сефовите на командантот на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатовиќ Аркан во една банка во Белград биле празни.

arkan-sef-630x352Врз основа на наредба на судија за претходна постапка на Одделот за воени злосторства при вишиот суд во Белград, во присуство на претставници на Обвинителството за воени злосторства и МВР на Србија отворени се сефовите на Жељко Ражњатовиќ, стои во соопштението.

Притоа се наведува дека откако не биле пронајдени клучевите се пристапило кон насилно отворање на два сефа, за кои било констатирано дека се празни.

Обвинителството пред неколку дена соопшти дека е заинтересирано за отворање на сефовите на Аркан за да се утврди дали во нив има нешто во рамки на прибирањето на докази во врска со случаите за кои Хаг во 1997 година го обвини Ражњатовиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1