Дали ќе треба да се плаќа отштета на „Висарис“ за поништување на тендерот од етички причини?


Министерството за здравство не ги појасни деталите околу раскинувањето на договорот за набавка на медицинска опрема од фирмата „Висарис“, сопственички поврзана со новинарката Ивона Талевска, пишува Фактор.мк.

tttttodorov-kanal5Министерот за здравство Никола Тодоров од собраниска говорница објави дека договорот е раскинат од „етички причини“, но не и какви последици ќе има ваквиот потег.

Според првичните информации, „Висарис“ веќе доставил дел од опремата во македонските клиники. Од порталот Нова се обиделе да добијат одговор од Министерството кога е прекинат договорот, дали Владата на фирмата треба да и исплати отштета и дали ќе се вратат апаратите доколку се веќе стигнати во некои болници.

Сепак, од таму одговор не добиле. Министерот неодамна ги објави документите од тендерската постапка, но не и условите што ги содржи договорот со „Висарис“ не с еобјавени во јавност.

Министерот Тодоров неколкупати потенцираше дека во договорот и целата постапка за набавка на апаратите од „Висарис“ немало спорни правни моменти, а причините за раскинување се единствено етички.

Тој и денеска од говорница рече дека тендерот ќе го поништи од етички принципи и побара и претседателот на СДСМ, Зоран Заев да ги раскине сите договори со фирмите од своите блиски.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1