Пушач заврши на суд затоа што не го луфтирал домот


Страстен пушач од Германија оствари победа во битката против сопственичката на станот каде што живее како постанар, која сакала да го избрка, бидејќи премногу пуши и ја замирисувал целата зграда.

pusac sudСедумдесет и петгодишниот Фридхелм Адолфс од градот Дизелдорф бил принуден од сопственичката на станот да го напушти живеалиштето кое го држел под наем, затоа што никогаш не ги отворал прозорците и покрај тоа што постојано пушел, при што чадот се ширел низ целата зграда.

Пушачот живеел во станот 40 години и дури извесно време бил и портир во зградата.

Откако Адолфс не го исполнил барањето на сопственичката, работата дошла до суд. Таму адвокатите на сопственичката му кажале дека соседите се закануваат дека ќе ги напуштат становите поради смрдеата. Судот потоа му наредил на Адолфс да се исели од станот, но тој одбил.

Апелацискиот суд во Дизелдорф утврди дека судската наредба, издадена од Основниот суд е невалидна, затоа што не е правно издржана. Судот не коментираше дали е корисно да се пуши и да се проветруваат становите, туку соопшти дека меѓу првото предупредување до Адолфс и наредбата да го напушти станот поминало подолго време.

Адолфс стана херој на сите пушачи во Германија. Група пушачи го пречекаа денеска пред зградата носејќи плакати во негова поддршка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1