Тетката Памела му го спаси животот на петмесечното внуче со вештачко дишење на сред автопат.
Американката Памела Раусео со вештачко дишење на сред автопатот за Флорида му го спаси живото на својот петмесечен внук Себастијан де ла Криз.
Тие биле заглавени во сообраѓајна гужва во автомобилот на тетката и бебенцето одеднаш престанало да дише и поплавело. Тетката избезумена со бебето во раце излегла на улицата и врискала за помош.
За среќа бебенцето е згрижено и се опоравува во болница. Според последните информации тоа е добро.