Патрола на Шумската полиција вчера навечер била нападната од поголема група насилници.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на стариот пат Прилеп-Велес, во близина на рудникот за мермер „Сивец“. Насилниците со тупаници и дрвени палки ги удирале полицајците, се додека на помош не дошле уште неколку полицајци кои пукале во воздух за да ја растераат групата.
Повредените полицајци се задржани на хируршкото одделение во болницата во Прилеп.