Новинарката Тања Јовановска-Антевска од весникот „Вест“ со четиринаесетгодишно работно исуство, денеска со одлука на менаџментот е префрлена во дистрибуција, пишува Локално.мк.
На ова реагираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) кој веднаш реализираше средба со новинарката.
Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис вели дека до менаџментот испратиле официјално барање за средба на која очекуваат да добијат објаснување за случајот и за процедурата на префрлање од една работна одговорност на друга.
Чаусидис за Локално вели:
„Нема сомневање дека станува збор за свесна и намерна професионална деградација, зад која не стојат валидни аргументи ниту процедура.
Овој случај уште еднаш ја потенцира и покажува бруталноста којашто владее во редакциите во Македонија. Новинарите се третираат како најамни работници кои се отпуштаат, деградираат и професионално понижуваат. “
Уредничкиот тим на „Вест“ не бил информиран за ваквата одлука на менаџментот.