Сок од грејпфрут може да им заштеди пари на болни од рак?


на неколку пациенти им дале сок од грејпфрут за да добијат повеќе сиролимус во нивото на крвотокот. Според истражувањето  со зголемувањето на нивото на сиролимус  се намалиле потребните дози на лекови од  90 mg  на 25 – 35 mg неделно.

Лекарите со години ги предупредувале пациентите да не пијат сок од грејпфрут во комбинација со лекови, но по толку години лекарите докажале дека тој сок со лековите придонесува за подобрување на состојбата на човекот ги, намалува дозите за лекови но и трошоците на болните, покажала новата студија.

Истражувачите на медицина од Универзитетот во Чикаго под водство на д-р Езра Коен медицина правеле тестирање на  сиролимус – лек за трансплантација на болни од рак, но тие знаеле дека ја само мали количини на лек – 14 отсто – се апсорбира во крвта бидејќи биле свесни дека повисоки дози може да предизвикаат негативни ефекти како гадење и дијареа. Со овој факт, тие барале додаток кој ќе ја  зголеми апсорбцијата на сиролимусот.

Во еден момент др. Коен се присетил дека сок од грејпфрут може да предизвика зголемување на  нивото на крв кај одредени лекови. Всушност од Агенцијата за лекови и храна предупредуваат дека сокот може да предизвика предозирање кога се комбинира со лекови почнувајќи од оние за холестерол па седо антихистаминици.
“Видовме дека не како проблем туку можност за подобрување на фармакологија и тоа не само за  сиролимус туку и за поширок спектар на лекови”, изјавил Коен.

Тие на неколку пациенти им дале сок од грејпфрут за да добијат повеќе сиролимус во нивото на крвотокот. Според истражувањето  со зголемувањето на нивото на сиролимус  се намалиле потребните дози на лекови од  90 mg  на 25 – 35 mg неделно.

Ваквите истражувања се прават бидејќи цените за лекови против  ракот се екстремно скапи па се бараат алтернативи. И додека едни лекари се воодушевени од ваквите истражувања и тврат дека треба време за да се докаже и официјално дека грјпфрутот функционира, други лекари тврдат дека пациентите не треба да гледаат на грејпфрутот како на нов лек за ракот  туку на начин за користење ова овошје за подобрување на нивото на лекови за рак на пациентите.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1