Ова прашање за македонскиот граѓанин со официјална просечна плата од 350 евра е вистинска дилема Државната изборна комисија веќе ја направи пресметката.
Во касата на ДИК има речиси 4 милиони евра , од Министерството за Финансии бараат уште два милиони а сосе парламентарните избори трошоците на ДИК ќе бидат над 7 милиони евра вели за КОД потпреседателот на комисијата Субхи Јакупи.
Само изборите за претседтаел ќе чинат 6 милиони евра државни пари. Колку ќе не чини претседателот за целиот свој мандат? Годишно според буџетската сметка тој троши безмалку еден и пол милион евра . Овој кабинет е меѓу најсиромашните за разлика од буџетите на градоначалниците .
Во 2009 претседателските заедно со локалните избори чинеа 7,2 милиони евра .
Најмногу пари во 2011 се потрошија на службениците кои беа испратени за да ги организираат изборите. По десет луѓе отпатуваа во секоја земја каде имаше гласање или вкупно 360 . Нивниот превоз и сместување чинеше 415 000 евра.
По секои избори партијата која освоила најмногу гласови добива и најмногу пари од буџетот 15 денари од глас –од последните избори ВМРО ДПМНЕ заработи 107 илјади евра а СДСМ 90 000 евра. Според новите измени од сега пари за глас ќе добијат сите кои ќе освојат 1,5% од гласовите