Две лица го загубија животот, четворица се во кома и 13 се полесно повредени во сoобраќајната несреќа што се случи на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан
Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана.
Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години. Во комби возилото биле 25 патнички, главно пензионерки, кои во Струга планирале да останат неколку дена за да го одбележат осми март Денот на жената.
Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило, но ја изгубил контролата врз возилото.