Патувале во Струга за осми март – комбето се превртело – 2 жени загинаа, 4 во кома


Две лица го загубија животот, четворица се во кома и 13 се полесно повредени во сoобраќајната несреќа што се случи на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан

soobrakjajkКомби возилото кое превезувало албански државјанки во Струга, најпрво удрило во електричен столб, по што завршило во канал.

Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана.

Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години. Во комби возилото биле 25 патнички, главно пензионерки, кои во Струга планирале да останат неколку дена за да го одбележат осми март Денот на жената.

Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило, но ја изгубил контролата врз возилото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1