Нема веќе бегање од полиција – ЕУ развива уред со кои полицаецот ќе ви го исклучи моторот


Во земјите од ЕУ ќе се произведе уред, кој ќе им овозможува на полицајците од далечина да го исклучат моторот на секој автомобил

policija 44Уредот, чие производство треба да заврши до 2020 година, без претходно знаење ќе биде инсталиран на секој новопроизведен автомобил. Целта е полициските сили да можат со едно притиснување на копче да го прекинат протокот на гориво до моторот и да го блокираат стартувањето на возилото.

Овој изум ќе им ја олесни работата на полицајците, кои ќе можат да ги запрат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, но и полесно да ги апсат криминалците.

Противниците на оваа идеја тврдат дека воведувањето на вакви мерки може да ги загрози другите учесници во сообраќајот. Според нив, доколку уредот се употреби врз некое возило, кое во моментот се движи со голема брзина, а зад него се наоѓа камион, тогаш тоа може да заврши трагично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1