Триесет и четири годишен педофил од Скопје на социјалната мрежа Фесјбук поставувал слики со содржина од детска порнографија.
Скопјанецот Т.Ч. на профилот Tonyy Montana (Montana) објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња. Случајот бил откриен откако на 3-ти март Т.Ч. објавил слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа од профил потпишан како Skrseno srce.
Родителите на малолетничката која е на сликите го пријавиле случајот, по што против Т.Ч. е поднесена кривична пријава.
Неговиот компјутер, мобилни телефони и поголем број ЦД-а се одземени и предадени на понатамошно истражувања, бидејќи полицијата се сомнева дека пријавениот во повеќе наврати имал сексуални односи со малолетнички кои ги фотографирал.
МВР апелира доколку некои родители забележат дека на фејсбук профилите на нивните деца биле забележани пораки од посочените профили, истите да го пријават случајот во најблиската полициска станица.
Курир.мк