Жените кои родиле повеќе од 10 деца со помал ризик од појава на рак!


Жените кои родиле 10 пати или повеќе имаат за 25 отсто помал ризик од развој на рак покажало финско истражување според кое ризикот од гинеколошки малигни заболувања кај овие жени е за 50 проценти понизок . Научниците го проучувале ризикот од рак кај пет илјади жени во Финска кои биле породени најмалку 10 пати до 2010 година.

Во текот на 30 -годишното истражување дијагноза рак била дијагностицирана кај 656 од овие жени што е околу 200 случаи помалку отколку од општата популација.

bremena bebeНаучниците планираат да проучат како раѓањето на помал број на деца влијае на ризикот од рак . Шефот на истражувачкиот тим вели дека  жената која родила повеќе од десет пати , за прв пат родила во просек пет години помлада од останатата женска популација во  Финска.

Претходно било откриено дека раѓањето рано заштитува од рак на дојка и дека жените кои за прв пат родиле пред 20-тата  имаат за 50 проценти помал ризик од појава на рак на дојка за разлика од постарите жени при првото породување. Научниците веруваат дека најверојатно клетките на градите кај жените поради честите бремености се изложени на помалку естроген. Тоа исто така ја одложува овулацијата како и придружните хормонални промени а има  улога и во намалување на ризикот од рак на јајчници и рак на матката .

Најголем број од жените кои родиле повеќе од десет пати припаѓаат на  Лутеранската црква во Финска , која забранува употреба на контрацептивни средства .

Zdravstve24.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1