Девет години затвор за Санадер


Поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер е осуден на единствена затворска казна од 9 години поради извлекување пари од државни институции и фирми преку маркентишката агенција  Фими Медија.

ivo_sanader_v_238595S1За виновни се прогласени уште 4 лица, меѓу кои и сопственчката на Фими Медија, Невенка Јурак и поранешниот потпарол на Санадер, Ратко Мачек. ХДЗ е казнета со околу 700 илјади евра а им се одзема и имотната корист остварена со кривичното дело.

ХДЗ на обвинението одговори дека извршените незаконитости се направени без знаење на регуларните партиски тела, како и дека Санадер и останатите поради нанесената материјална и репутациска штета би требало да вратат 50 милиони куни.

Доколку биде потврдена првостепената пресуда, освен затворската казна Санадер ќе треба да врати и околу два милиони евра, за кои загрепскиот Жупаниски суд утврди дека ги стекнал на незаконски начин.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1