Свадба: Се ожени првиот стар ерген од Лозово – ќе добие 500 евра, ракија, вино


52- годишниот Станое Ангеловски и четириесетичетири годишната Блеринда Раволи, од Албанија, денеска пред новинарите и камерите го кажаа своето судбоносно „ да“ во матичната служба во општина Лозово, пренесува „Телма“.

mladozenciЗа нив тоа го овозможи градоначалникот на Лозово, горд што токму Станое и Блеринда, се првиот брачен пар кој ја користи субвенцијата од општината наменета за стари моми и ергени. Младоженците се среќни што добија 500 евра од општината. Станое ја раскажаа својата приказна како дојде до невеста од Албанија.

– Ја видов, кај Валона, кога со камион минував низ Албанија. Потоа следеа контактите. Тие прво дојдоа да видат каде ја даваат, бараа да имам бања оти без изградена бања не идат тука. Сега Блеринда сака да работи тутун. И јас сум невработен. Ќе видам каква работа ќе ми понудат па ќе одлучам дали да ја прифатам, рече Ангеловски.

Тој и Блеринда не знаат дали ќе прават свадбена  веселба. Сепак винаријата „Лозар“ го исполни ветувањето и денеска им донираше 50 литри ракија и 100 литри вино.

– Невестата ќе има бесплатен медицински третман до првото породување. На еден од брачните другари му нудиме вработување како и пакет козметички препарати за невестата, рече директорката Тања Контевска.

Градоначалникот на Лозово е горд што за старите ергени во Лозово и во цела источна Македонија, носи невести од Албанија. Орце Цветковски вели дека од него помош веќе побарале   градоначалниците од цела источна Македонија за и тие да го решат проблем во нивните општини. Во името на љубовта, а не за пари вели дека ќе им помегне.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1