Сантијаго Мендоза има само 8 месеци, а неговата тежина веќе достигнала 20 килограми.
Малото момче, кое се смета дека е најдебелото бебе во Колумбија, деновиве беше згрижено од фондацијата „Gorditos de Corazon“ со цел да добие соодветна медицинска помош поради преголемата тежина.
Докторите се загрижени дека поради дебелината кај Сантијаго е зголемен ризикот од многу болести како дијабетес, хипертензија и срцеви заболувања, па веднаш започнале со намалување на тежината без одложување.
Мајката признала дека е виновна за дебелината на Сантијаго, бидејќи секогаш кога плачел, таа го смирувала со храна и млеко.