Црвенковски нема да присуствува на конвенцијата на Пендаровски – не е поканет


Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, нема да присуствува на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

branko crvenkovski222Во кабинетот на Црвенковски за плус инфо ни ја потврдија веста икажаа дека причина за отсуството на Црвенковски е тоа што не е поканет.

– Нема никаква друга причина, ниту сoмневања дека Пендаровски ја ужива подршката на Црвенковски. Едноставно, не е поканет на настанот и затоа нема да присуствува – ни рекоа во кабинетот.

Стево Пендаровски беше советник на Бранко Црвенковски во текот на неговиот претседателски мандат од 2004 до 2009 година.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1