Колку секс неделно ви е потребно?


Количината на секс во бракот е тема која од секогаш предизвикува голем интерес. Колку пати неделно е доволно? Може ли некој воопшто да даде одговор на ова прашање? На ова прашање се обиделе да одговорат бројни истражувања, но резултатите во секое од нив биле различни.

 Но едно откритие се среќава во сите тие истражувања – просечните парови практикуваат секс еднаш до два пати во неделата.

Секако, и годините тука играат клучна улога. Новите брачни парови во дваесетите и раните триесети години имаат побогат сексуален живот и некогаш се случува да практикуваат секс и по неколку пати дневно. Кај паровите кои се постари, но се и подолго време во брак, сексуалните средби се малку поретки.

 Мажите и жените различно гледаат на количината на секс во бракот па во истражувањата даваат различни одговори. Мажите најчесто сакаат повеќе секс, а жените пак сметаат дека не треба да се претерува.

 Вистински одговор на прашањето на почетокот на текстот нема. Клучот лежи во компромисот. Неделно треба да има онолку секс колку ви одговара и на двајцата. За да добиете свој личен одговор, неопходно е во бракот да имате отворена комуникација. Тоа е првиот чекор до здравиот сексуален живот.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1