Американската агенција за национална безбедност (НСА) само за еден месец во мај 2009 година собрала сведоштва за 122 светски лидери, соопшти германското списание “Шпигел”, цитирајќи ги документите на поранешниот американски агент Едвард Сноуден.
Според ДПА, имињата на највисоко позицонираните цели” во мај 2009 година се подредени по азбучен ред. Тие почнуваат со Ангела Меркел, канцеларот на Германија и завршуваат со тогашната украинска премиерка, Јулија Тимошенко.
Документот, цитиран во Шпигел”, покажува дека само во посочениот месец во базата со податоци на НСА за Меркел биле собрани над 300 поединечни информации. Минатата година веќе беше објавено дека НСА го прислушувала телефонот на Меркел и тоа не беше демантирано од Вашингтон.