Во млекото за бебиња на најголемите светски производители пронајден алуминиум


Во млекото за бебиња на најголемите светски производители едно неодамнешно истражување вели дека се пронајдени се траги од алуминиум чии вредности се повеќекратно поголеми од дозволените. анализите се извршени во Велика Британија.

bebe siseПроизводите во кои се пронајдени загрижувачки колличини на алуминиум се Аптамил, Гип Органик и Кау анд Гејт (Aptamil, Hipp Organic, Cow and Gate).

Најмногу алуминиум е пронајден во млекото на база на соја, објавија лондонски медиуми.

Во анализата е потврдено дека млекото од соја за бебиња содржи и до 100 пати повеќе алуминиум од мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој.

Во Велика Британија е пропишано нивото на алуминиум во водата да не смее да биде повеќе од 200 микрограми по литар.

Според истражувања, објавени во списанието БМЦ Педиатрикс, алуминиумот се поврзува со неуролошки болести, проблеми со коските и деменција.

Експерти ги повикаа производителите да го намалат нивото на алуминиум кој завршува во млекото за бебиња.

– Знаеме многу за алуминиумот, но се уште не ги знаеме сите разорни последици врз човечкото тело. Луѓето воглавно знаат за неговата поврзаност со Алцхајмеровата болест и други невролошки состојби, а од порано знаеме дека влијае и врз формирањето на коските, вели Крис Ексли, шеф на тимот експерти. Алуминиумот во човечкото тело може да предизвика и анемија.

TeaModerna

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1