Путин: Има 70 милијарди евра, не пуши, не пие и ужива во своето тело


putin56

Физички е релативно мал, висок е 170 сантиметри, но негува стил на мачо маж. Единствениот лидер кој од своето тело направил сличен култ бил нискиот Бенито Мусолини.

Путин е популарен и помеѓу конзервативните американски републиканци, кои се восхитуваат на неговата одбрана на христијанските семејни вредности и борбата против хомосексуалноста.

Му се восхитуваат и европските десничари, кои со задоволство го гледаат неговото залагање за национална вредност, за разлика од ЕУ која преку покани го шири своето царство.

Денес 62-годишен, Путин владее со Русија од 1999. година, наизменично како претседател и премиер, а благодарение на уставните промени би можел на чело на земјата да остане до 2024. година – подолго од комунистичкиот диктатор Сталин.

putin57Не пуши и не пие, во земјата каде што просечен маж умира на возраст од 63 години, по константна употреба на алкохол.

Путин ја градел кариерата како припадник на тајната полиција, со верба во мечот и штитот на КГБ. Државата на која и служел, доживеала целосен пропаст на својот авторитет и моќ, токму кога Путин се наоѓал на средиштето на неговата кариера.

Освен што е совршен пример за “еднаш таен агент, секогаш таен агент”, заговорот е во сржта на неговото постоење.

Путин верува зад секоја западна невладина организација стојат CIA или MI6.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1