Фатени на дело – ѕвезди фатени во неверство


Меѓу женските неверници” се вбројуваат имињата на Мег Рајан, Мадона, принцезата Дајана, Џенифер Лопез…

Untitled-7-620x400

Мег Рајан

Оваа холивудска актерка во 2000 година, кога се уште била во брак со Денис Квејд, имала кратка афера со Расел година дена. Но, во 2008 година актерката признала дека и Денис ја изневерувал додека биле во брак.

FRANCE-US-MUSIC-MADONNA-FILESМадона

Мадона додека била во брак со Гај Ричи имала афера со познатиот безбол играч Алекс Родригез. Иако и двајцата негирале дека тие биле заедно, поранешната сопруга на Родригез тврдела дека пронашла негово љубовно писмо посветено на Мадона.

Кетрин Мекфи
Актерката и пејачка неодамна се приклучи во клубот на неверните жени”. Минатата година таа беше фатена на дело како се бакнува со режисерот на серијата Смеш”, со кого соработуваше. Наводно, во тоа време таа била разделена од сопругот Ник Кокакс, но пред неколку седмици брачната двојка повторно била фотографирана на вечера, со што шпекулациите дека се разведува паднаа во вода. Очигледно, сопругот и го простил бакнежот кој ја потресе целата јавност…

Крис Џенер
Како вистинска Кардашијан жена, Крис во својата книга призна дека го има изневерено првиот сопруг, Роберт Кардашијан.
Се викаше Рајан и беше продуцент. Водевме љубов секаде, во секое време. Кога си млад правиш многу глупави работи. Тоа што го изневерував сопругот, претпоставувам, е една од најголемите глупости во мојот живот. Се каам за тоа”, напишала Крис во книгата.

jennifer lopez hairstylesЏенифер Лопез
Пејачката отсекогаш маки мачела со шпекулациите и гласините дека е неверна жена. Таткото на нејзиниот втор сопруг, Крис Џад, во повеќе наврати има изјавено дека Џеј Ло го изневерувала син му со Бен Афлек. Откако се разведе од Крис, таа навистина почна да се забавува со Бен. Потоа се шушкаше дека Марк Ентони го изневерува со сегашниот партнер, танчарот Каспер Смарт, а последниов месец наголемо се шпекулира дека Џеј Ло и Марк тајно се гледаат. Конфузен љубовен триаголник, зарем не?

Тори Спелинг

Тоа што се слушило на Тори може да се смета како лоша карма. Всушност, кога го запознала Дин МекДермот, и двајцата биле во брак. Но, се заљубиле, се развеле со своите поранешни сопружници и стапиле во брак. Сега имаат четврто дете, но неодамна се прошири гласина дека Дин ја мами својата сопруга.

Кристен Стјуарт

Се чинеше дека Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се совршен пар, а потоа таа го измами со режисерот Руперт Сандерс. Да се направи работата уште подобра, Сандерс е оженет и има две деца, Но, Роберт се простил на Кристен и од неодамна се поврторно во врска.

Princeza-DijanaПринцезата Дајана
Таа отворено призна дека додека била во брак со принцот Чарлс била во врска со бизнисменот Џејмс Хјуит. Меѓутоа, ниту нејзиниот сопруг не останал должен. Чарлс за време на нивниот брак бил со Камила, која денес му е сопруга. За Дајана кружеа и гласини дека додека била во брак, освен со Џејмс, се гледала и со уште двајца мажи.

Коко

Коко го измамила сопругот Ајс Ти со раперот АР.9. Иако тврдела дека тој е само нејзин обожавател, покасно признала за аферата бидејќи раперот објавил неколку нивни интимни фотографии.

Вупи Голдберг
Таа изневерувала и никогаш не се каела за тоа. Отворено зборувала за сите свои неверства, но никогаш не потенцирала кој од сопрузите го има изневерено.
Тоа го имам направено пет или шест пати. Да, имав секс наоколу додека бев мажена. И јас правев грешки. Му се случува тоа на секој, но не се каам што сум дозволила да ме поведат страститее, изјавила Вупи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1