Жена со 1000 лица – 20 години го прогонува србинот кој ја завел и ограбил


Кетрин Андервуд го запознала Будимир Дракулиќ во 1994 година. Дракулиќ на првиот состанок и изразил љубов, и посветил невидено внимание, а на крајот успеал да ја освои со неговиот шарм. Кетрин работела во луксузен ски центар во Аспен, а Дракулиќ изјавил дека доаѓа од Југославија и дека работи како биомедицински инжинер и професор на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

Неколку месеци подоцна, тој ја прашал дали таа може да му позајми 5000 долари, кои наводно му биле потребни за алиментација. Потоа му биле потребни дополнителни средства, па ја замолил да му уплати на сметката на неговата мајка. Во јануари 1995 година, наместо да и го врати позајменото, тој и побарал уште пари.

Katherine_Underwoo_653983S1

Тогаш и ја признал и вистината. Имено работел на некој таен проект за американската влада во воздухопловната база Едвардс, и дека му требале пари за да го заврши проектот. Кога ќе го завршел, Владата ќе му исплатела 10 милиони долари. Во текот на 1995 година, Дракулиќ и рекол дека е лудо вљубен во неа, и и побарал повеќе пари. Доколку проектот не бил завршен, тој немал да добие ниту пени и ќе изгубел се, што значи дека и таа ќе изгубела се што досега му дала.

Кога Андервуд му доаѓала во посета, тој се наоѓал во хотелот Палмдала, недалеку од воздухопловната база. Тие се сретнувале доцна во ноќта кога Едвард успевал да се извлече од базата и да се се види со неа. Во октомври 1995 година, Кетрин од Дракулиќ побарала да потпише изјава во која тој ќе вети дека ќе и ги врати 300.000 долари, кои до тогаш таа му ги позајмила, на што тој се согласил. На крајот тој и земал повеќе од 410.000 долари. Таа дури морала да позајми пари од својот брат за да му ги даде на Дракулиќ.

Следните три години, наместо да и ги врати парите, тој бил полн со изговори зошто не можел во тој момент. Во јануари 2000 година, тој и рекол дека ќе го заврши Владиниот проект и дека ќе ги добие парите, и тогаш ќе и ги врати. Тој ја повикал да се најдат во Вашингтон. Таа го чекала десет дена, но тој не се појавил. Во паника го повикала заедничкиот пријател кој ги запознал. Тој и рекол дека Дракулиќ не работи во базата, повеќе од 10 години, ниту пак на Универзитетот, и дека имал фирма во Лос Анџелес која развивала ЕKG уреди. Таа во очај отпатувала во Лос Анџелес и го побарала Дракулиќ. Откако му се јавила тој и рекол дека е во воздухопловната база Едвардс. Таа не му поверувала и успеала да го пронајде на еден од тениски терен.

Сватила дека била излажана, и подигнала тужба против него. Во тужбата таа тврдела дека тој и должи 364.000 долари плус камата. Половина час пред судењето, Дракулиќ прогласил личен стечај, што предизвикало за прекин на процесот. Но, нејзините адвокати усепале да се изборат на судот и да му докажат како Дракулиќ ја измамил нивната клиентка и дека долговите направени со измама не можат да бидат избегнати со банкрот.

Судот навел дека Дракулиќ лажел дека ја сакал, и дека сакал да има заедничка иднина со неа, како и тоа дека излажал за тајниот договор со владата, и за тоа дека Владата не му платила, и за што всушност барал пари од Андервуд. Вкупно и должел 600.404 долари со камата, но судот и доделил и дополнотелни 200.000 долари поради душевна болка. Конечната пресуда по која Дракулиќ морал да и исплати 805.000 долари е донесена во 2002 година, а Андервуд се израдувала дека конечно ќе ги добие своите пари назад. Но тоа не се случило.

Нејзините адвокати сватиле дека Дракулиќ нема никакви пари на неговото име. Андервуд не се предала. Таа работела како келнерка и чистела домови за да ги плати нејзините адвокати, а Дракулиќ го пратела самата таа. Таа открила како нејзините пари биле искористени за финансирање на патент на биомедицинска технологија кој можел да спознае сигнали меѓу срцето и мозокот. Таа открила дека патентот е префрлен во приватна компанија, каде што тој почнал да работи и дека парите му се исплатувале во две фирми кои ги отворил специјално за таа намена.

Пред судот тој тврдел како сите сметки му ги плаќала неговата ќерка Ирина Дракулиќ, но не знаел од каде таа ги добивала парите. Не знаел ни каде живее, ниту дали е венчана ниту дали има деца. Андервуд бил сигурен дека Дракулиќ некаде има пари, па повеќе пати меѓу 2004 и 2007 година патувала за Лос Анџелес каде се маскирала за да не биде препознаена и тргнала да го следи. Ја надгледувала зградата каде што работела. Го следела до банката и на тениските игралишта, како и на ручеците со партнерите. „Седела на маса за време на неговите бизнис средби. Ќе седнела да јаде ручек, а тој ќе почнел да се фали како ја надмудрил.

„Компанијата на која го префрлил нејзиниот патент, завршила под истрага за измама на инвеститорите. Адвокатот кој управувал со компанијата на Дракулиќ е осуден поради манипулација на пазарот, но Дракулиќ не бил ниту обвинет. Тој ја основал новата компанија во 2009 година, која му исплатила 400.000 долари во рок од две години.

„Бев опседната со целата приказна. Си ги сакам парите назад. Имав крвави чиреви во стомакот, како резултат на стресот. Колабрирав и двапати завршив во болница. Стресот во целост ме обзема“, вели Андервуд.

Судот во 2012 година ја потврди пресудата против Дракулиќ, по што сега мора да врати околу 1,6 милијарди долари, со настанатата камата, но нејзините адвокати не можеле да пронајдат ниту еден долар кој што би бил на негово име. Андервуд потрошила повеќе од 20 години и сите свои пари, во обид да врати се што нејзиниот поранешен дечко и го земал. Јас сум само девојка од Јужна Каролина. Не ми е јасно како воопшто се вплеткав во една ваква работа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1