Исус имал жена – се докажа дека пергаментот кој е доказ за тоа, не е фалсификат (Видео)


Научниците не успеаја да најдат доказ дека пергаментот за сопругата на Исус е фалсификат. Имено професорката на Харвард Карен Кинг во септември 2012 година на конференција во Рим претстави древен пергамент, сега познат како „Евангелие на сопругата на Исус“.

pergament mrtvo moreПергаментот содржи реченица во која Исус, обраќајќи им се на своите следбеници, зборува за својата жена, а се претпоставува дека станува збор за Марија Магдалена. Реченицата е: „И Исус им рече: ‘Жена ми…’“. понатака што пишувало не се знае бидејќи токму тој дел од пергаментот е оштетен.

Експертите тогаш ја негираа автентичноста на пергаментот, велеа дека има „страшни граматички грешки“, кои ниеден роден говорител на коптскиот јазик не би ги направил.

Сега, при деталното истражување на документот од страна на професори од Колумбија, Харвард и Технолошкиот институт на Масачусетс на полето на електротехниката, хемијата и биологијата не се најдени знаци дека ова е фалсификат направен во поново време, вели статијата на Кинг објавена во списание на Харвард.

scrolls620Пергаментот најверојатно датира од осмиот век од Египет, а хемискиот состав на мастилото одговара на мастилата базирани на јаглерод што ги користел народот на таа земја во тоа време.

Новите откритија, секако, не докажуваат дека Исус бил женет, но тоа е нешто за што самата Кинг вели дека никогаш не го ни тврдела. Таа вели дека само би сакала да се развие дебата за значењето на документот и за „прашања од типот ‘Зошто воопшто е важно дали Исус бил во брак или не?’“

Кинг во 2011 година била замолена да го разгледа фрагментот по барање на неговиот анонимен сопственик, кој вели дека го купил пред повеќе од една деценија од колекционер, кој пак рекол дека го купил, заедно со уште пет други, во 60-тите години во Источна Германија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1