Партизанскиот илегалец Владимир Периќ – Валтер по кој во 1972 година беше снимен филмот „Валтер го брани Сараево“, повторно ќе биде на филмското платно идната година, во римејк што ќе го реализираат Кинези.
Тоа го најавија денеска во Сараево босанско-херцеговски, хрватски и кинески претставници на проектот.
Снимањето ќе почне идната година во БиХ.
– Сакаме Валтер да ги разбуди младите генерации во Кина бидејќи сакаме тие ја бранат својата држава…тоа е сржта на проектот и затоа инвестираме во овој проект, нагласи Бинг Ксианг, директор на компанијата China Star Media.