Северина ја ќарив за пет минути – Севе вели Милан треба да се лечи


Во Будва на еден брод пред две години поранешниот сопруг на Северина Милан Поповиќ, разговарал со некоја хостеса за девојки. Хостесата била голем шегаџија, па зборувајќи за Јелена Розга, која тогаш имала настап му кажала дека не е фора да ја смува неа, дека тоа е лесно, туку да проба да ја освои Северина.

severina milanТој во шега и одговорил дека му е потребно само да ја запознае, само за пет минути ќе ја освои. Така и било, а тој сега полека ја сфаќа руската поговорка: Плаши се од своите желби, мисли и зборови, бидејќи ќе ти се остварат

Пејачката Северина Вучковиќ покрај жалбата да се зголеми алиментацијата од 2.000 евра, ќе побара од судот во Загреб и психолошки вештачење на таткото на нејзиното дете, Милан Поповиќ поради тешките навреди кои претходно и биле направени на нејзина сметка, но, исто така, и за опсесијата со предвидувања, фенг шуи и астрологија, пренесува Ало!

Според извори за Ало ! близок на адвокатот, Северина сега одлучила дека нејзиниот син Александар не треба често да се гледа на неговиот татко бидејќи смета дека неговите верувања и ментална нестабилност негативно влијае на воспитанието на детето.

– Поповиќ опсесивно е врзан за животот според фенг шуи правила, дека за неа, како мајка во јавноста изнесува одвратни лаги и дека неговиот начин на живот е определен со предвидувањата на астролози, нумеролози и други предвидувачи на судбината. Меѓу другото таа бара да се намали и бројот на денови кои Милан ги поминува со синот, вели извор близок на адвокатот на Северина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1