Авион на Малезија принудно слетал на Хитроу – енигма е што снимките од црната кутија ги нема


Малезискиот ерлајнс џамбо џет, морал да се врати во Хитроу поради проблем со моторот, а сите податоци од пилотска кабина, што требало да ги има во црната кутија исчезнале.

avion malezijaВоздухопловните иследници на Велика Британија ја потсетија јавноста и го обелоденија инцидентот од истата авиокомпанија пред некое време. Боингот 747 морал да се врати на аеродромот во западен Лондон откако биле забележани значајани вибрации на еден од моторите во краток период по заминувањето за Каула Лумпур, се вели во извештајот од страна на воздухопловната филијала за истражување на несреќи.

За време на слетувањето во Хитроу, се случувале чудни работи со авионот – сите три автопилоти биле исклучени, дисплеите од пилотската кабина побудалеле, треперењата на светлата, и серија на лажни пораки кои биле прикажани. Имало последователно губење на моќта на некои системи, но капетанот, со 340 патници и 22 членови на екипажот, успеал да направи безбедно слетување во 23:20 часот на 17 август во 2012 година.

pilotНа џамбо џет имало пилотски гласовен диктафон, направа која може да го сними разговорот во кабината во последните два часа – но тие податоци ги нема во црната кутија – а треба да ги има. ААIB кои го класифицирале инцидентот како „сериозен“ во својот извештај, велат дека CVR продолжува да работи и по некое време откако авионот слета, но во овој случај сите релевантни CVR снимки биле изгубени.

ААIB велат: „Истрагата утврдила дека постапките на операторот за зачувување на петте снимања биле доволно силни за да се осигураат дека снимките ќе бидат зачувани и по инцидентот или несреќата“. Во извештајот се вели дека Малезија ерлајнс изразила подготвеност за решавање на ова прашање и ажурирање на нивните процедури. Од AAIB истакнаа дека имало серија на неуспеси во рамките на електричниот систем на авионот. Во извештајот се наведени активностите преземени од страна компанијата и на Боингот по инцидентот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1