Океаните вриеле, небото поцрвенело, Земјата се тресела…


Целиот свет беше на нозе, кога минатата година, мали метеорити направија целосен хаос во Русија, иако знаеме дека таквите удари се чести. Меѓутоа, научниците направија реконструкција- како изгледало кога Земјата ја удрил астероид кој ги усмрти диносаурусите и од Земјата направи прав

asteroidПред три милијарди и 260 милиони години, океаните зовреле, небото станало црвено, а земјата се тресела цели 30 минути. Земјата ја удрил астероид, кој ја поместил за 48 километри. Ако во некој случај, некој можел да погледне во небото во тој момент, веројатно би помислил дека најголемата планина која ја видел, не би требало да се наоѓа таму.Астероидот удрил во подрачје над кое денес се наоѓа Јужноафриканската република, иако Земјата тогаш не изгледала како денес. Направил кратер кој би се протегал преку половина од земјата, 478 километри. Ударот имал таква сила, и ослободил толку енергија, што горниот дел од океанот зоврел, а цунамито кое се случило било високо повеќе од стотина метри.

Научниците сето тоа успеале да го реконструираат проучувајќи ги фрактурите во слоевите на зелените камења, во подрачјето на г ората Барбетон во Јужна Африка. Станува збор за еден од најстарите кратони на Земјата. Нивната работа ќе биде објавена во весникот на Американското геофизичко друштво.

asteroid dinosaurusiПукнатините кои научниците ги проучувале, настанале кога астероидот удрил во Земјата со брзина од 67 илјади километри на час. Тектонските процеси кои оттогаш се случиле, ги избришале трагите од ударот, но научниците пронашле траги со големина на песок во камењата. Во тие слоеви пронашле и траги од ирид, елемент кој е релативно редок на Земјата, но го има во астероидите.

Со помош на добиените податоци, научниците направиле модел на ударот. Заклучиле дека огромниот астероид удрил во океанот и ослободил неверојатна количина на енергија која ја испратиле цунамито и сеизмичките бранови преку целата планета.

Тој удар се случил во периодот на историјата на Сончевиот состав, кога големи астероиди се уште се движеле околу Сонцето, удирајќи во формираните планети многу е веројатно дека астероидот кој удрил во Земјата пред 3,26 милијарди години не бил единствен, заклучуваат научниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1