800 гр шеќер
900 мл вода
100 гр масло
900 гр брашно
1 прашок за пециво
5 јајца
Подготовка на сируп:
800 гр шеќер и 500 мл вода се става на оган да зоврие, и добро да се олади потоа.
Tесто:
400 гр вода и и маслото се ставаат на оган зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од шпоретот и додадете брашно и прашок за пециво. Измешајте се убаво и оставете да се олади.
Кога ќе е изладено се додава едно по едно јајце додека се меша со миксер. добиената смеса ставете ја во шприц за тулумби и истискајте ги на не премачкана тава. Печете ги без отварање на рерната на 180 степени 25 минути.
Додека се уште топли тулумбите прелијте ги со сирупот