Македонија станува член на НАТО во септември?


Има се’ повеќе позитивни сигнали дека Македонија во септември би можела да влезе во НАТО, а прашањето би се отворило на Самитот, кој е планирано да се одржи во Велика Британија.

NATOВо таа насока се и се’ поинтензивните разговори за решавање на спорот за името меѓу посредникот на ООН, Метју Нимиц, и претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Нимиц ги интензивираше разговорите во Њујорк во пресрет на самитот на НАТО во Британија, кој е предвиден за во септември и покрај одржувањето на изборите и во двете земји.

Пред денешната средба, тој свика средба во Њујорк на 26 март, годинава,во очи на македонските претседателски и парламентарни избори,а денешната рунда доаѓа пред грчките избори за Европскиот Парламент и локалните избори, кои се закажани за 25 мај, годинава.

Кризата во Украина веројатно уште повеќе влијаеше прашањето за проширувањето на НАТО да се врати на агенда, а конечната одлука се очекува да биде финализирана во јуни.

Непосредно пред одржувањето на овој Самит, 40 американските конгресмени упатија писмо до него и бараа проширувањето на НАТО да биде приоритет за САД и Алијансата, а Кери официјално да го поддржи членството на Македонија и на Црна Гора уште на Самитот во Велика Британија во септември, оваа година.

„Веруваме дека САД треба да продолжат со блиското партнерство со земјите-аспиранти Грузија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и со останатите земји од Централна и Источна Европа што бараат поблиски односи со САД и НАТО. Конкретно, ве повикуваме да го поддржите членството на Црна Гора и на Македонија на Самитот оваа година, да поттикнете натамошен напредок во примената на Акциониот план за членство (МАП) на Босна и Херцеговина, како и да се заложите да се додели МАП на Грузија“, стои во писмото потпишано од конгресмени од обете главни политички партии во САД.

Конгресмените предупредуваат дека ситуацијата во Украина родила загриженост за назадување на демократијата и за можноста земјите од регионот да бидат под притисок на надворешни сили што се обидуваат да го поделат континентот и да ја поткопаат визијата за обединета, слободна Европа, што живее во мир.

NetPress

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1