Пред сообраќајката во која загина цело семејство, возачот го сонувал мртвиот татко како го повикува


Во сообраќајката во која пред некој ден загинаа четири лица, меѓу кои и една трудница, возачот на автомобилот кој излета од патот кај Шабац, 29-годишниот Саша Јовановиќ пред кобната несреќа го сонувал неговиот татко Славко, кој му рекол дека наскоро ќе се видат.

daniel-amanda500Неговиот татко исто така загинал во сообраќајна несреќа, а пред големата трагедија Саша за својот сон им раскажал на неговиот кум 20-годишниот Миле и неговиот брат Даниел, кога во кобниот ден отишол по нив за да ги превезе во болницата во Шабац, каде претходно се породила сопругата на Миле, пренесува српски Курир.

– Во сонот почнав да му се извинувам на татко ми затоа што долго време немав запалено свеќа на неговото вечно почивалиште, а тој ми рече

„Ништо и така ќе се видиме за два-три дена. Ќе дојдеш кај мене“, раскажал Саша пред кобната несреќа.

nesreca-u-sapcu-1398105647-483779За неполн час потоа Саша изгубил контрола над автомобилот марка „ Audi Q7 “ при што освен Саша животот го загубија и неговиот кум Миле, сопругата на братот на Миле, Аманда, која била во осмиот месец од бременоста, како и 22 годишниот Саша Мршиќ, додека 25-годишниот Даниел и 50-годишниот Дража биле тешко повредени.

Инаку, неговиот кум Миле за првпат станал татко и славел цела ноќ пред несреќата со неговиот брат Даниел и со Саша. Едвај дочекале да се раздени и да отидат да го видат бебето, но неколку часа по тоа Миле загинал и не успеал ни да го види своето бебе, раскажал вујкото на Миле и Даниел, кој бил сведок на несреќата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1