Над 50 проценти од Македонците во Брисел денеска излегле на гласање


glasanje2014Pr-640x320

Во Брисел, речиси половина од пријавените гласачи за парламентарните избори го оствариле своето гласачко право до 17 часот.

Според претседателот на Избирачкиот одбор во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Кралството Белгија, Даим Илјази, од 777 пријавени 365 гласачи веќе го оствариле своето граѓанско право. Според Илјази, единствен проблем на денешното гласање во Брисел е што околу 70-тина македонски државјани, иако пријавени, поради различни пропусти при поднесувањето на пријавата за гласање, од Државната изборна комисија не биле заведени во избирачкиот список, па иако се појавиле на гласачкото место, не биле во можност да гласаат.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1