Каменуван автобус на ЈСП во Брњарци


avtobusskrsenОколу 21.00 часот во с.Брњарци – Скопје, вчера бил каменуван автобус на ЈСП бр.55 (кој сообраќал на релација Транспортен Центар –с.Брњарци -с.Арачиново).

Како што информираат од МВР, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем од страна на повеќе лица.

По добивањето на пријавата, на лице место беа упатени служби и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Увидна екипа од СВР-Скопје извршила фотографирање на лице местото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1