Народната вооружена единица во регионот Доњецк заробила 3 припадници на специјалната единица “Алфа” на Украинската служба за безбедност.
Според некои извештаи,тие планирале да заробат еден од лидерите на проруските сили, Игор Блезлер, чија група ја контролира локалната полиција во Горловка.
Затворениците биле одведени на локација во близина на градот Славјанск, каде што на медиумите им биле покажани нивното вооружување, документи и лични карти. За време на испрашувањето, уапсените признале дека специјалната единица која влегла во градот, има седум членови.