ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија прогласи победа на предвремените парламентарни и претседателските избори.
Од изборниот штаб на партијата Владимир Ѓорчев им се заблагодари на сите граѓани и гласачи од Македонија и дијаспората и од сите националности. Најголемата разлика според Ѓорчев е во Општината Шуто Оризари каде ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Македонија на парламентарните избори освоила 5 600 гласови наспроти 625 освоени на СДСМ, односно 5 900 гласови за кандидатот Ѓорѓи Иванов а 1 200 за Стево Пендаровски.
Слична е состојбата и во Општина Гази Баба каде ВМРО ДПМНЕ има 13 300 гласови а СДСМ 4 700 .
Во скопската општина Карпош ВМРО ДПМНЕ води со 8 500 наспроти 7 600 на СДСМ, Куманово 8 800 наспроти 6 400 на СДСМ, а според изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ оваа партија води и во Струмица со 600 гласови предност.
Ѓочев кажа дека се во загуба на гласови во Центар.
“ Македонија заслужува да прослави” изјави Влатко Ѓорчев.