Видео: Бебе преживеало 5 дена под мртвата мајка


Најмалку 74 лица загинаа во железничката несреќа што се случи во вторникот минатата недела во северниот дел на Конго, соопшти владата во Киншаса.

bebe-500Меѓутоа, од местото на ужасот стигна и една убава вест, спасувачите по цели пет дена од несреќата успеале да спасат бебе, кое преживеало под мртвото тело на мајката.

-Во несреќата загинаа 74 луѓе, а 163 се повредени, изјави министерот за здравстово Феликс Кабанга Муквапа за АФП. Несреќата се случи во вторникот вечер, кога локомотивата се излизгала од шините во близина на градот Камина, во провинцијата позната по рудниците Катанга.

Железничките несреќи се многу чести во Конго, каде што железничката линија нее реневирана од 60-тите години, кога земјата беше белгиска колонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1