Да даде Господ… Македонски клетви


Од сите клетви најтешки се татковата и мајчината клетва, потоа кумовата клетва, која според народното верување секогаш се исполнува, и која дури и Бог ја одобрува и ја поткрепува. Се верува дека оној што родителите ќе го проколнат нема да помине добро. Уште повеќе веруваат ако него клетвата не го фати, таа ќе ги стигне неговите деца или внуците, или било кога и било каде од неговите најблиски, макар тоа било и уф дивето колено. Исто така тешка е и прафашке и кумовата клетва. Оној што кумот гол го држел на рацете при крштевањето, тој мора многу да внимава да не го навреди кумот, зашто ако кумот го праклне, „не можат ни три владици да му пуможат.“- Покрај тоа верување кршетеникот мора да го посети кумот на сите поголеми празници и да го моли да му прости, ако со нешто макар и не сакајќи го навредил.no-cursing

Разни видови на клетви се појавуваат уште во предисториските култури, а денес голем дел од клетвите се присобрани од фолклорните дејци како „народни умотворби“. Клетва според народното верување, иако вербална, претставувала тежок облики на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Најтешки клетви биле крвните: од родителот, братот, сестрата; клетвите од кумот, пријателот кој помагал во неволја, побратимот или луѓето на кои им било нанесено зло исто така се сметале за тешки. Животните и билките исто така можеле да го проколнат човекот, особено ако чинел зло врз нив постојано и со намера.

Жените своите клетви понекогаш ги театрализирале со распетлани кошули, разголени гради, со расплетување или сечење на косата, со клетва која добивала облик на песна, дури и римувана како тажаленка. Но колнењето имало сопствена реперкусија, криво изречената клетва најчесто се враќала, на оној кој колне, но и на неговото потомство. Во народот влаедеело верувањето дека клетвата за дете претставува потешка казна од тепањето.cursing-1

Кај македонскиот народ е забележано фрлање на камен кон проколнатиот и клетвите поврзани со неговите карактеристики “Кога каменот ќе се врне и тој да се врне” или “Камен да се стори”. Во Малешевијата е познато коленичење, при што разранувањето на колениците (некаде и лактовите) претставува непосредно, крвно врзување со надприродните битија од кои се побарува помош.

Нашите предци практикувале и колективна клетва, најчесто таа имала за цел протерување и одстранување на некоја личност или семејство од заедничкото живеалиште.Ваквиот облик на колнење е карактеристичен за Црна гора, но бил забележан и во другите краишта.

Да даде Господ…
Македонски клетви

  • Аир да не видиш.
  • Акнал та пукнал.
  • Бапки да му излезат на очите.
  • Бел ден да не видиш.
  • Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит.
  • Буниште да го затрупа..
  • Да ви умре најмилото.
  • Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
  • Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.
  • Да му умре козата на комшијата.
  • Да се превртуваш во гробот.
  • Да се скапи, огин да го изгори, се посакува смрт.
  • Да те фане клечавицата (пролив).
  • Децата да ти одат две напред три назад.
  • За твое дете лек да нема, клетва за некој кој одбил да му помогне.
  • Камен врз камен, дрво врз дрво, да не му остане, да му се растури куќата.
  • Мома да не те земе, да е ерген цел живот.
  • Оваа недеља млада невестица, до недеља млада удовица, догодина моја вереница.
  • Оган да те изгори.
  • Огин да го запале, вода да го однесе.
  • Петел в куќа да не ти запее.
  • Сега свадба правиш, догодина умрешка правиш, татко ја проколнал својата ќерка бегалка.
  • Сите деца во еден гроб да ги стави, се посакува смрт на потомците, една од потешките клетви.
  • Чума да те отепа.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1