Почина германскиот колекционер Корнелиус Гурлит чијашто збирка досега сметани за исчезнати ремек-дела на светската уметност содржеше слики кои ги присвоиле нацистите во Втората светска војна.
Германските обвинители во 2012 година во станот на 81-годишниот Корнелиус Гурлит во центарот на Минхен открија околу 1.400 класици на современото сликарство, имал слики од Пабло Пикасо, Анри Матиз, Франц Марк, Пол Кле, Макс Бекман и многу други.
Од тогаш истрагата се обидува да открие колку уметнички дела до збирката на Гурлит конфискувале нацистите, а во моментов под истрага се околу 600.
Во февруари 2014 година повеќе од шеесет дека беа пронајдени во една од куќите на Корнелиус Гурлит во Салцбург, Австрија, , портпарол на Гурлит во чиј стан во Минхен беа откриени околу 1.400 уметнички дела. Корнелиус Гурлит тврдеше дека неговиот татко, Хилдебранд Гурлит, кого националсоцијалистите го задолжиле да ги продаде запленетите дела до нив таканаречената „изопачена уметност” за да дојдат до тогаш стабилните странски валути, до сликите дошол на легален пат и дека заедно со другите потомци е законски сопственик. Иако многу од вредните слики од колекцијата од околу 1.500 примероци ги продал, добар дел задржал и за себе, па сега збирката изнесува околу 1.400 слики меѓу кои и ремек-дела.
Се веруваше дека повеќето од уметничките дела се изгубени или уништени, но се појавија во текот на рутинска даночна инспекција во станот на Гурлит во февруари 2012 година. Моментално колекцијата се наоѓа на тајна локација. Германските власти коишто спроведуваат истрага, тврдејќи дека сакаат да спречат појава на лажни сопственици на богатството, меѓу кои се и досега непознати дела, меѓу кои и еден автопортрет на Ото Дикс и сликата „Двајца јавачи на плажа”, како и гваш на Марк Шагал. Во збирката се наоѓаат и дела до XVI век, меѓу другите и на Албретхт Дирер, како и досега непознати дела на славните Пикасо, Дирер, Реноар и Тулуз-Лотрек.
Повеќе еврејски семејства и музеи, кои тврдат дека сликите пред повеќе од седум децении се одземени од нивните колекции, го критикуваат фактот дека бил потребно за ова да истражува германскиот неделник Focus ланската година за да биде објавено спектакуларното откритие од претходната 2012 година. Тоа ја поттикна полемиката за враќањето на делата украдени или одземени од Евреите во времето на нацизмот и обвинувања дела германските власти одолговлекуваат со објавувањето на колекцијата на Гурлит.
Хилдебранд Гурлит, кого Германците не го ценеле многу, затоа што баба му била Еврејка, благодарение на бројните политички врски што ги имал во време на Третиот Рајх сепак успеал да спаси бројни уметнички дела, кои денес се од непроценлива вредност. Делата останале сочувани и за време на Втората светска војна.
Речиси педесет години, неговиот син, невработен самец ги чувал сликите во малите простории на својот стан, а живеел од парите добиени од нивната повремена продажба. Focus пишува дека меѓу откриените слики е и дело од Матис, кое порано му припаѓало на еврејскиот колекционер Пол Розенберг. Неговата колекција морал да ја остави во Париз бегајќи пред нацистите.
Корнелиус Гурлит кој беше осомничен за затајување данок и за криење уметнички дела, пуштен е на слобода и против него се водеше судска истрага.