Србија нема да и воведе санкции на Русија


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјавил дека Србија не може да воведе санкции за Русија, бидејќи Москва никогаш не вовела санкции кон Белград и нагласил дека Србија се труди да има урамнотежен став кон ситуацијата во Украина, пренесоа српските медиуми.

dacic-Ние се трудиме да имаме урамнотежен став. Премиерот Александар Вучиќ и јас тоа и го објаснивме и на Кетрин Ештон. Нашиот став се базира врз два принципа. Првиот е дека Србија го почитува територијалниот интегритет на секоја земја-членка на ОН, па така и на Украина. Вториот е дека Србија не може да воведе санкции за Русија, бидејќи Русија никогаш не вовела санкции за Србија.

Таквиот баланс е во наш национален интерес, објаснил Дачиќ за виенскиот весник Пресе, и додал оти Србија “на сопствена кожа” почувствувала како меѓународното право може да биде релативизирано во врска со територијалниот интегритет и суверенитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1