Нашле измет од глувци во месото – затворена месарницата на Џејми Оливер


Популарниот готвач Џејми Оливер, кој преку својата кујна рекламира здрав начин на живот, се нашол на удар на критиките поради хигиената во своите локали, односно во својата месарница.

jamie-oliverИмено, Џејми Оливер помеѓу останатото е сопственик и на месарницата „Барбакоа“ која се наоѓа во самиот центар на Лондон, која ги снабдува најелитните ресторани во Англија. Во месарницата на најпознатиот готвач Џејми Оливер инспекцијата пронашла страотна глетка, во месото се откриени трагови од измет од глувци, како и делови од мувлосани трупови на животни во подрумот, додека инспекторите биле шокирани од глетката на нечистите ладилници и на неугледниот, нечист персонал во објектот, неадекватно осветлување, недоволен број на хигиеничари, валкани кујнски апарати, а на поголемото количество месо му истекло рокот на траење.

Откако во светските медиуми се пренела веста за затворањето на неговата месарница, Џејми Оливер брзо се обратил на јавноста и објаснил дека неговата месарница е затворена доброволно и дека работат на подобрување на условите за да можат што побрзо да ја отворат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1